Мар 30, 2022
Пандемија
294 новозаразени со ковид
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на ковид-19.
Мар 30, 2022
Педијатрија
Децата од Охрид се лекуваат во Струга
Се продлабочува проблемот со недостиг на педијатри во охридско-струшкиот регион. Детското одделение во Охрид речиси половина година работи само како амбуланта, а децата се лекуваат во Струга. Лекарите се загрижени во пресрет на престојната туристичка сезона, кога проблемот дополнително ќе ескалира. Бараат министерството за здравство да изнајде соодветно решение.
Мар 30, 2022
Училишта и градинки
СОНК најави генерален штрајк
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките, информираа од Синдикатот по вчерашните преговори со претставниците на Владата за нивните барања за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.
Мар 30, 2022
Конфликт Украина
Нова опасност се надвива над Чернобил
Постои реална опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил кога руските сили ја контролираат нуклеарната централа.
Мар 30, 2022
Основни училишта
Учениците од денес без маски
Учениците во основните училишта веќе нема да носат маски. Владата го прифати предлогот на комисијата за заразни болести, да се олеснат дел од ковид мерките, кои важеа за учениците во основните училишта.
Мар 30, 2022
Екологија
Отпадот во регионов ќе добие силен удар
Менаџирањето на отпадот во Југозападниот и Пелагонискиот плански регион ќе зададе силен удар со формирање регионално комунално претпријатие.
Мар 30, 2022
Субвенции
Субвенции за купување на велосипеди
Општина Охрид, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето.
Мар 29, 2022
Зголемување на платите
СОНК на преговори со Владата
Јаким Неделков на фејсбук-страницата на СОНК објави дека во моментов имаат преговори со Владата, на покана на премиерот Димитар Ковачевски.







