Skip to main content
Дек 11, 2021

На 10-ти и 11-ти декември 2021 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-05, Кичево-02, Дебар-01).


Сеп 18, 2021

Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК.


Сеп 8, 2021

За време на едно од најжешките лета во италијанската историја, папата Франциск им испрати 15.000 сладоледи на затворениците во два римски затвори, објави Ватикан вчера, а пренесува „Телеграм“.


Јул 19, 2021

25-годишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа почина од последица од удар на гром.


Мар 4, 2021

Стефан Нестороски од Струга, предава хармоника во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ со месечен  договор на дело, нема здравствено осигурување, не му се води работен стаж. Со полно работно време тој сепак се пријавува во Агенцијата како невработен. Вели дека размислува среќата да ја побара надвор од државава.


Фев 1, 2022

Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“. Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца, како и Самоиловата тврдина која што ќе биде осветлена цел месец.


Дек 11, 2021

Скоро два часа охридско-струшкиот регион е без електрично напојување.


Сеп 18, 2021

Врз база на стара и нерелвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација.