Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација
Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува. Исто така, во Северна Македонија нема вакцини со истечен рок, како што неточно се тврди во постот.
До 2024 година светот го очекува финансиска катастрофа поради Ковид-19
Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19.
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до 12 февруари 2024
Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.
Струга добива нови корпи за ситни отпадоци
ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.
ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад
Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија- Скопје- Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.
Забрана за движење на ТМВ на неколку патни правци во Западна Македонија
На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Пронајдено оружје кај жител на Велмеј
На 09.12.2021 во селото Велмеј, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј.(43) од Охрид.
Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден
Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез. Тој на својт Фејсбук профил самиот објасни дека не ја примил вакцината двапати:„Се случи да има група од повеќе луѓе кои сакаа да учествуваат во оваа прва вакцинација. И за погодноста на медиумите, се одлучи да се сменат местата и да се сменат рацете. Медицинската сестра продолжи да вакцинира други луѓе, па се смени и медицинскиот персонал. Не бидете злобни со толкувањата.“