Силно невреме во Грција: Загина маж во Солун
Силно невреме денес зафати повеќе делови од Грција, а во Солун загина маж откако бил повлечен со неговиот автомобил од надојдената вода.
ОЗДРАВЕНИ СЕ 36 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ СЕ 26 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 1326, ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.
Ашталкоски: Заедно ќе изградиме живот во Струга за сите
Живот за сите во Струга и решавање на клучните проблеми, приоритет на кандидатот за градоначалник на општина Струга, Васил Ашталкоски од коалицијата предводена од СДСМ. Ашталкоски најави решавање на проблемот со водоснабдувањето во градот и сите населени места во општината, решавање на деценискиот проблем со дивата градска депонија и останатите депонии во населените места, подобрување на патната инфраструктура.
Фотограф од Кушадаси денес успешен земјоделец во Охрид
Турчин од Кушадаси – успешен земјоделец во Охрид. Акин Сезер веќе десеттина години живее во Охрид, на бавчата во „Андон Дуков” сади органски садници со семиња донесени од Турција. Сторија на Соња Рилковска.
Вакцините не се опасни и досега нема пријава за смртни последици
Вакцините не се експериментани, а уште помалку опасни по здравјето на луѓето. Постојат научни студии дека вакцините против ковид-19 се ефикасни, досега не е најдена последична врска помеѓу вакцинацијата и смртните случаи.
Ким Џонг-ун: Северна Кореја е на готовс
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на вчерашниот состанок со Централната воена комисија најави нов пресврт во одбранбениот сектор.
Тестовите за COVID-19 na премиерот, министерот за здравство и градоначалникот на Куманово, негативни
Резултатите од тестовите за коронавирус на премиерот на Техничката влада Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Општина Куманови Максим Димитриевски се негативни.
Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица
Денес е Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица, мајката на сите мајки. На овој ден река од народ доаѓа во Калишта и старо и младо, и православни и муслимани. Во манастирот верниците се поклонуваат пред единствената икона т.н Црна Богородица.