На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни
Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет на Инфективната клиника во Скопје е полн, односно има 159 ковидпациенти во клиниката и во модуларната болница.
Нов пожар на Евија-Уапсени десетина лица
Грчката противпожарна служба испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.
ССМ: Работниците да не работат на отворено кога е најжешко
Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.
Буџетски форум во Струга
Центарот на заедницата на Струга во соработка со општината организираат граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи утре 13ти декември со почеток во 11 часот и 30 минути во хотел Дрим Струга.
ИПА Охрид донираше пакети на 33 социјално загрозени семејства
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи.
Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар
Вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга.
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ ПРОГРАМИТЕ И НАЦРТ БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА
Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 06.12 2021 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2022 година.
Не е точно дека нема корона
Не е вистина дека коронавирусот не постои. СЗО уште минатата година прогласи пандемија заради високиот број на новозаразаени и починати од компликации предизвикани од вирусот. Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2 заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични.