Skip to main content
Окт 30, 2019

Проектот е на Агенцијата за спорт и млади а чини 30 мил денари. Директорот на агенцијата кој денеска во Струга присуствуваше на отпочнувањето на градежните зафати кажа дека очекува базенот да биде ставен во функција на крајот на наредната година. 


Јан 28, 2022

Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот.


Дек 7, 2021

Хуман потег за поздравување. Стружанец самоиницијативно ги храни социјално ранливите категории граѓани. Куварот Никола Петрески во понеделник, среда и петок бесплатно дели по 27 топли оброци на сиромашните. Тој ги повикува сите општествено одговорни компании да ја поддржат оваа идеја и да донираат храна.


Авг 25, 2021

Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна  вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000, а тоа потенцијално може да погоди 700.000 луѓе. Никогаш не кажал дека нусефектите ќе бидат фатални, како што се наведува во објавата, која ја подгрева антиваксерската кампања и може да има негативно влијание врз процесот на вакцинација.


Авг 14, 2021

Страшна несреќа се случи на Флорида кога дете ја застрелало својата мајка во главата. Дете пронашло наполнет пиштол во нивниот стан и пукало во жената додека била на повик на Зум поврзан со работата, соопшти полицијата.


Јун 10, 2021

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Македонијa.


Сеп 18, 2019

На 16.09.2019 околу 12.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Пролетерски бригади“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од Струга. 


Јан 28, 2022

Филмскиот репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува со детскиот филм „Патешествието на принцот” (The Prince’s Voyage). Кино проекции ќе има во среда (02.02.2022) и четврток (03.02.2022) со почеток во 18 часот.