Во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор
Климатските промени се тука и се појава влијае на нашето здравје, нашата храна и безбедноста на нашите домови. Потребно е итно глобално дејствување со локален придонес од секоја држава со воведување мерки за намалување на емисијата на штетни гасови што е еден од најголемите причинители за овој планетарен метео феномен. Во нашата земја повеќе од 70% од емисите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор.
Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски
Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, по вчерашните оставки на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.
Свикана дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид
На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.
Напад врз фудбалски судија во Струга
Фудбалер на „Влазними“ нападнал фудбалски судија.
Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци
Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци. Тендерот кој го распиша Локалната за избирање најпогодна фирма која ќе врши дезинсекција на подрачјето на Охрид го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Од Центарот за јавно здравје од Охрид бараат да им се даде овластување да ја контролираат целата постапка како не би дошло до некаква злоупотреба.
Еко-свест: Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство и таквата одлука ќе биде праведна
Државата потфрли во заштитата на охридскиот регион и ништо драстично нема да се промени до конференцијата во Баку, велат од Еко Свест.
Николески : Лицата со посебни потреби ќе бидат активно вклучени во одлучувањето во општините
Како и досега, ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес конференција Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Тој најави отворање на канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, каде ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работноспособни.
Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје
Охридските одгледувачи на цреша стравуваат дека годинешниот род ќе им се уништи ако продолжат врнежите. Совет до овоштарите веднаш да се искористи првиот сончев ден за да се испрскаат стеблата и заштитат од болеста мунилија.