Лага е дека коронавирусот е контролиран од 5Г мрежата преку вакцините
На ,,Фејсбук“ се споделува пост којшто ја дезинформира јавноста дека со вакцинацијата против ковид-19 се вбризгува метален прав и со помош на 5Г мрежата се потикнува нов ковид бран. Во составот на вакцините против ковид нема метали. Пандемијата со ковид-19 ниту е причинета од 5Г мрежата, ниту, пак, има каква било поврзаност меѓу вирусот и оваа мобилна технологија. Иако, оваа информација ја потврдија сите релевантни институции, вклучително и СЗО, сепак и понатаму низ социјалнтие мрежи се шират лажни вести и теории на заговор кои ја доведуваат во заблуда јавноста дека 5Г технологијата е причината за пандемијата со коронавирусот.
Дипломатски преговори во Катар за постигнување мир во Авганистан
Состаноците се одржуваат по минатонеделното предупредување од страна на Обединетите нации дека „војната во Авганистан влегла во нова, посмртоносна и подеструктивна фаза“.
Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот
Врнежите добро ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица и јачменот.
Струшкиот Завод за нефрологија ќе добие дигитални апарати за хемодијализа
Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати.
Работниците отсега безбедно ќе пријавуваат вознемирување на работното место
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.
Пет лица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Опеница
Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.
ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца
Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.
Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба
На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин.