Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле дека ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин
Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19.
Белоруските сили пукале врз полските војници, Минск негира
Полскиот премиер Матеуз Моравјецки им даде поддршка на војниците што ја чуваат белоруската граница од илегална миграција, по извештаите дека белоруските сили наводно пукале, веројатно празна муниција, врз полските војници, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Еден загинат во тешка сообраќајка кај Стража
Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а седум лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош.
Во Врбник откриени преку 500 колци, можно пронаоѓање куќи
До септември 2021 година ќе траат подводните археолошки ископувања на локалитетот Врбник кој се наоѓа на западното крајбрежје на Охридското езеро на излезот на Струга, во непосредна близина на населеното место Калишта.
Недостиг на анестезиолози во охридско-струшкиот регион
Покрај педијатри и уролози, во охридско-струшкиот регион недостигаат и анестезиолози. Главната причина за недостигот на специјалисти во целиот регион и државата се платите на лекарите. Голем дел од нив после специјализација заминуваат во странство.
Во Струга одбележани 80 години од првото пеење на македонската химна
Во Струга одбележани 80 години од првото пеење на химната на Македонија. Струшките родољуби на дочекот на Новата 1942 година, заедно со авторот на химната Владо Малески во куќата на Сотир Шута во центарот на Струга за прв пат ја отпеале државната химна.
Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св. Наум
На 17.12.2021 година во 13:50 часот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, патнички автомобил „Сузуки” со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(18) од Охрид, удрил во метален столб.
Вакцинацијата важи и за вработените во Центарот за контрола на болести и во Агенцијата за лекови во САД
Наредбата за задолжтелна вакцинација што ја наложи претседателот на САД, Џо Бајден се однесува само за извршната власт. Тааа ги вклучува вработените во Белата Куќа и повеќето федерални работници. Наредбата на Бајден важи и за вработените во Центарот за контрола и превенција на болести, Агенцијата за храна и лекови, коишто се владини агенции, но не и за Конгресот. Тој е изземен од оваа наредба, затоа што е дел од легислативната власт.

