Skip to main content
Авг 23, 2021

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде отпорна на вакцините, па светот повторно да се врати на почеток со милиони заболени и илјадници починати секојдневно.


Јул 28, 2021

Голем шумски пожар избувна денеска во регионот на Анталија, Турција, јавуваат турските медиуми.


Јун 1, 2021

Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти.


Апр 3, 2019

„Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад  „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување“.


Јан 26, 2022

Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови.


Дек 3, 2021

Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид за 2021 година во рацете на академик Љупчо Коцарев. Комисијата за одбележување празници и доделување награди и признанија годинава додели три повелби. Светиклиментова повелба годинава се доделува на Гордана Лолеска, Здружението ЕКО ФАП и постхумно на Мишо Јузмески.


Авг 23, 2021

Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип. Во екот на панедемијата со коронавирусот, односно нејзиниот четврти бран, кој беснее во Британија, а особено во есенските месеци, поради сличноста на симптомите тешко ќе биде да се разграничи кои лица имаат грип, а кои ковид. Особено зашто делта варијантата кај младите некогаш има симптоматологија на грип, значи, течење на носот, кашлица и изнемоштеност. Затоа, британските власти сакаат двојно да ги осигураат своите граѓани и да им овозможат имунизација против двата вируса.


Јул 27, 2021

Силна експлозија од хемиска компанија денеска одекна во германскиот град Леверкузен. Пет лица се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени. Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.