Стевоски: Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња
Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња, ова е животното мото на Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник од партијата Демократи. Мотивот за да се кандидира за градоначалник му е Охрид да се врати на вистинскиот пат на развој и просперитет.
Посебен додаток за децата со Даунов синдром
За 25 проценти ќе се зголеми посебниот додаток за родители на деца со пречки во развојот. Посебен додаток ќе има за сите деца со Даунов синдром.
Високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид во првите три месеци од годинава
Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид , што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.
Лесковчанец доби кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(38) од с. Лескоец, охридско за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
ТВМ во домот на Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,
Јас го доживувам Охрид како нераскинлив дел од себе и не можам да бидам нем набљудувач на она што се случува околу мене, вели 55 годишниот доктор Митре Милошевски. Медицината и Хипократовата заклетва во семејството Милошески се пасија. Покрај за професијата , за ТВМ Телевизија, Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ зборува и за приватниот живот.
Запалено товарно возило во движење на патот Лабуништа-Боровец
На 20.01.2021 година во ОВР Струга е пријавено дека во 19.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, настанал пожар во товарно возило во движење, „Фолксваген Транспортер”.
Коректен тек имаат досега претседателските и предвремените локални избори
Повеќето кандидатите за градоначалник со позитивен став за тоа како се одвиваат 8 -те изборни дена, со исклучок на кандидатите од ГДУ и Вмро Дпмне изнесоа ситни забелешки. Од ДИК се задоволни од досегашната политичка култура на противниците во изборниот процес и повикуваат да го задржат нивото на полтичка култура за да се изборат за легитимитет пред граѓаните за овие избори.
17-годишно момче од Мешеишта загина во сообраќајна несреќа кај Ботун
Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17 годишно момче од Мешеишта.