Заштитата на животната средина во Охрид и Охридското езеро приоритет во работењето на Константин Георгиески доколку ја добие довербата на граѓаните
На овој план благодарение на Владата веќе започна решавањето на проблемот со колекторскиот систем преку Формирање на ново Јавно претпријатие кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем.
500 евра казна за кршење на рампи на патарина
Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајно ќе ви го конфискува возилото, а ќе платите и глоба од 500 евра, е новината во измените на Законот за јавни патишта.
Започнува процесот на раздолжување на Општина Охрид
Мнозинството советници го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид. Со тоа започнува процесот на раздолжување на општината и намалување на вкупниот долг за над 15 милиони евра.
Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија
Со доделување на сертификати за најдобрите по натпреварите по информатика и англиски јазик, како и доделување на стипендии на најдобрите, учениците и менаџерскиот тим на 5 та приватна гимназија го заокружија крајот на учебната година. Денес во хотел Дрим, Струга се одржа традиционалното училишно рандеву на оваа гимназија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнаа со туристичките работници
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Зголемениот криминал, застојот во градежните активности на автопатот кон Кичево, според Мицкоски се основната кочница во развојот на туризмот во Охрид.
Блокади на патот Струга-Ќафасан
Жителите на седум струшки села го блокираа патот Струга-Ќафасан. Бараат итна реконструкција на магистралата која со години е во катастрофална состојба, преполна со дупки и пукнатини. Патот е изграден во времето на поранешна Југославија, а до денес се направени само неколку површни санации.
Д-р Милошевски: Охрид мора да биде убав и во него убаво да се живее
За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид мора да е убав и во него да се живее убаво рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, др Митре Милошевски.
Денес е светски ден на лицата заболени од ГОШЕ
Здружението на граѓани за ретки болести „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ го одбележува интернационалниот ден на болест на Гоше во склоп на кампањата на Интернационалната Гоше Алијанса. Оваа година кампањата се одвива преку социјалните медиуми со споделување на изјави од доктори, семејства и пациенти поврзани со болест на Гоше.