Снегот остави без струја повеќе планински села во Дебрца и Струга
Без електрично напојување се шест села од Горна Дебрца и неколку од струшкиот регион. Нема дојави од жителите за поплави или излевање на водотоци, а патните правци се проодни. Исклучок е локалниот пат за струшка Малесија каде што има наврнато над половина метар снег и е прооден само за теренски возила.
Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19
Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит.
Тешка сообраќајна несреќа во Турција
Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.
Климатолозите со црни предвидувања за Балканот
Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите.
Нова кривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко
Kривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко поднесе државниот инспекторат за животна средина.
Марјан Ристески поставен за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид
Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески.
Охридските советници на обука за транспарентност и отчетност
Охридските советници имаа можност да бидат дел од обуката за транспарентност и отчетност која се одржа во Скопје.
Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО
Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп.

