Забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Студено време во неделата пред нас
Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.
Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата
Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација.
Инцидент на протестот против задолжителната вакцинација во Солун
Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави МИА од Атина.
Филипче: Очигледно нема да запре појавата на нови соеви
Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Ќе бидат презентирани пронајдените мозаици во струшко Октиси
Мозаиците од ранохристијанската базилика од петтиот век пронајдена во селото Октиси ќе бидат изложени пред очите на јавноста. За таа цел изградени се специјални конаци. Последниве години вршени се археолошки истражувања на повеќе локалитети во струшко каде се откриени ранохристијански базилики и истите се конзервираат.
Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ
Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица.
СТЕНДАП КОМЕДИЈА СО НИКОЛА ТОДОРОСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ ВО JAZZ INN
„Best of Stand up“ заедно со Никола Тодороски и Пријателите во Jazz Inn со почеток во 20 часот.

