Охриѓанец заработи кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
ПЦР тестот не е исфрлен од употреба
Тврдењето изнесено во постот што се споделува на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, е невистинито.
(ФОТО+ВИДЕО) Торнадо остави жртви и пустош на југот на Чешка
Чешка синоќа се соочи со исклучително редок случај како за европска земја. Таа беше погодена од силно торнадо, што нанесе многу штети на голем број куќи, згради, автомобили, улици и други објекти во градовите. Засега се потврдени три жртви, а повредени се повеќе од 200. Торнадото ги зафати неколку градови од југоисточна Чешка, рушејќи ги куќите до своите темели.
Приведени 37 лица поради непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (07/08.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана
Од Центарот за јавно здравје информираат дека Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана. Објаснуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена.
20 новозаболени од Ковид-19 во Охрид
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, а 19 лица починале сите во болнички услови.
ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години
Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека бил погрешно интерпретиран.
До крајот на август делта сојот ќе стане доминантен во Грција
Делта сојот на Ковид-19 се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас.