Тестовите за COVID-19 na премиерот, министерот за здравство и градоначалникот на Куманово, негативни
Резултатите од тестовите за коронавирус на премиерот на Техничката влада Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Општина Куманови Максим Димитриевски се негативни.
Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица
Денес е Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица, мајката на сите мајки. На овој ден река од народ доаѓа во Калишта и старо и младо, и православни и муслимани. Во манастирот верниците се поклонуваат пред единствената икона т.н Црна Богородица.
„Не сечете ги дрвата“, порачаа екоактивисти за сечењето на дрворедот на Македонски Просветители
Побараа да се зачуваат липите и костените и да се најде друго решение за реконструкција на булеварот. Екологистите бараат средба со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за да се сопре сечата на дрворедот засаден во педесеттите години од минатиот век.
Вакцините со кои се врши теренска вакцинација се на Синовак и не треба да се чуваат на минус 75 степени
Теренската вакцинација засега се одвива само со „Синовак “ и тоа во претходно наполнети шприцови. И, наспроти она што се сугерира во постот што го рецензираме, оваа вакцина воопшто не се чува на минус 75 степени.
Пулицер за тинејџерката која го сними убиството на афроамериканецот Флојд
Најпрестижната американска награда за новинарство Пулицер синоќа ја доби тинејџерката Дарнела Фрејжер, која ја сними смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што поттикна протести против полициската бруталност ширум светот.
Стапи во сила Уредбата за задолжително носење лична заштита на јавни места од отворен и затворен тип, опомени за непочитувањето на уредбата до 30 април, а потоа прекршочни казни
Денеска во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе Владата на својата 45-та седница.
Далчески: Струга стана специфично место за работење во туризмот
Струшките хотелиери се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие сметаат дека на градот на две води му треба добра промоција, она што досега го нема, како и залагање на општина Струга да го реши проблемот со несредените плажи, нерегуларните паркинзи и депонијата како најгорлив проблем поради кој оваа сезона претрпе огромни последици.
Се расчистуваа улиците Кленоец и Радојца Новичиќ
Екипите на „Јавна хигиена“ спроведоа активности за расчистување на ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.