Несоодветно депонирање на градежен шут во Охрид
Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер.
Уапсен осомничениот за трократното убиство во Кавадарци
Полицијата го уапси 40-ет годишниот Тони Станоев осомничен за убиство на три лица во Кавадарци.
Охридските лозари ја продолжуваат вековната традиција на Св.Трифун
Се поголем е бројот на млади луѓе кои подигнуваат нови лозови насади. Охридскиот регион некогаш важел за едно од најдобрите виногорја на Балканот, а охридските лозја раѓале квaлитетно грозје од кое се прозиведувало квалитетно вино.
Кајмакоски спектакуларно дочекан во Мислешево
Даниел Кајмакоски, победникот на регионалниот Х- Фактор и покрај големиот успех, сеуште не се чуствува како звезда. Скромното момче од Мислешево, струшко, вчера беше меѓу своите во родното место. Со дел од присутните се поздрави, се фотографираше, делеше автограми, а запеа и дел од песните од неговите изведби на Х-Фактор.
Денеска се слави Светиот маченик Трифун
Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност.
Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска
Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.
Кој ќе се офајди од петте најатрактивни охридски плажи?
Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп.
Пецаков : Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива
Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива, им порача на охриѓани Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме, потенцира Пецаков на денешната прес конференција.