Skip to main content
Авг 29, 2021

Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот број на новозаразени пациенти.


Авг 24, 2021

Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмејувал на Тик-Ток.


Јун 23, 2021

Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер”/ „БиоНТек” и „Астра Зенека”, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирусот, што за првпат беа идентификувани во Индија, покажа најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел”.


Фев 7, 2020

Општина Струга во рамките на апликацијата „Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Струга-Твојата туристичка дестинација”. 


Јан 29, 2022

Денеска во Охрид по кусо боледување на 70 годишна возраст почина Тоде Илевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.


Јан 13, 2022

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.


Дек 8, 2021

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави.


Авг 29, 2021

Сода бикарбоната и лимонот не се никаков „спасоносен лек“ за заштита од вируси воопшто, а најмалку за заштита од коронавирусот, како што се тврди во објавата, која може да влијае на задоцнет третман и ненавремена имунизација кај населението како единствена ефикасна заштита од ковид-19. Оваа мешавина нема ефикасни ефекти, а може да биде многу опасна, ако содата се зема во големи количини, па дури и да предизвика труење. Научните истражувања потврдуваат повеќе опасни ризици по здравјето на луѓето, особено за оние кои имаат здравствени проблеми, како и за нусефектите од конзумирање со лекови. Главоболка, дијареа, ризик од срцев удар, руптура на стомакот, бубрежна инсуфициенција се само дел од нив. Медицинските институции упатуваат на балансирана исхрана за зајакнување на имунолошкиот систем и навремена вакцинација, но никако експериментирање со алтернативни решенија и непроверени напитоци.