Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Од УЈП очекуваат регистрација на уште околу 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Во јануари е продолжен рокот за регистрација на граѓаните во новиот систем за електронско следење на персоналниот данок кој стапи на сила од јануари 2019 година.
Пронајден хероин во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67) поднесе кривична пријава.
Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени
Од утре почнува пријавувањето на фаќачите на крстот, а се очекува и пристигнување на казанот каде што ќе се подготви рибната чорба.
По 13-ти пат одржана хуманитарната манифестација „Напред Розово“
Здружението „Борка-за секој нов ден“, во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во истовреме го одбележуваат и најголемиот хуманитарен настан во Европа „Race for the cure“.
Тепачка во угостителски објект во Струга
На 15 јануари оваа година, во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50)од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ
Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид.
ЗАЕДНИЧКИ ВАСИЛИЧАРСКИ ПОЈАДОК ВО ОПШТИНА ОХРИД
На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Весна Митреска, Тихомир Дурнев, Симон Илијески и Томе Џамтоски. Заедничкиот појадок го организираа минатогодишните кумови Царе Наумоска, Габриела Милошоска и Гоце Симоноски.
СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ
На просторот околу Градското пристаниште и малиот плоштад до хотел „Александрија“, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување по повод претстојниот верски празник „Богојавление – Водици“ и „Денот на рибарите“.