ОПШТИНА ОХРИД ПОСЛЕДОВАТЕЛНО Е НА ПРВОТО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ
Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга
Охридските и струшките хотелски сместувачки објекти најавуваат одлична посетеност за престојните новогодишни празници. Речиси сите капацитети се веќе закупени, традиционално најбројни и оваа година се гостите од соседните држави, но ќе има и гости од западноевропските земји.
Константин Георгиески е вршител на должност градоначалник на општина Охрид
Константин Георгиески ќе ја обавува должноста во следните месеци се до вонредните локални избори. Пред Советот на општина Охрид и граѓаните вети дека со тимот на поранешниот градоначалник Јован Стојаноски ќе ги продолжат започнатите проекти.
Константин Георгиевски избран за в.д. градоначалник на Охрид
Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.
Италијански град ги забрани пиците поради загадување на воздухот
Привремена забрана на традиционалниот начин на печење пици
Откажана „Новогодишната детска бајка”
ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.
Се намалува бројот на заболени од жолтица
Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Корпите за смет беа вандализирани
Викендов несовесни граѓани дивееле и вандалски се однесувале кон урбаната опрема, превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. Директорот на „Комуналец“ вели дека станува збор за организирана акција и дека настанот е пријавен во СВР Охрид од каде се чека да се преземат соодветни мерки.