180 нови случаи за 24 часа, двајца починати и нов случај во Охрид
Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19.
Величенствена литија во Струга по деветти пат
Илјадници стружани и гости од земјава, но и однадвор, се собраа во прекрасниот храм на Св. Георгиј за да бидат дел од традиционалната Гурговденска литија. Миротворната поворка на Светиот Великомаченик Георгиј и оваа година, од улиците на Струга ги испрати насекаде евангелските пораки на Христовата љубов.
Охриѓанец нападнал полициски службеници
Кражба во плац на улицата „7-ми ноември“ во Охрид
На 20.01.2022 година во СВР Охрид, приведен е П.С.(35) од Охрид, кој бил затекнат при извршување кражба од плац лоциран на улицата „7-ми ноември” во Охрид.
ЈП Водовод : Граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење
Се известуваат корисниците на ЈП ВОДОВОД Охрид дека поради ниските температури кои ни претстојат во наредниот период, постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење.
Вакцината не е поврзана со демонски сили
Вакцината не претставува смртна опасност, ниту пак, докторите ги трујат граѓаните, како што дезинформира постот. Досега во Северна Македонија нема пријави за смртни случаи од ковид вакцина. Од Агенцијата за лекови и медицински средства во земјава (МАЛМЕД) објаснуваат дека досега пријавените несакани реакции од вакцините не отстапуваат од опишаните во упатствата за употреба и дека не е пристигната ниту една пријава за смртен исход како несакана реакција од вакцина. Најчесто се работи за лесна симптомалогија, како болка, оток и црвенило на местото на апликацијата на вакцината, покачена температура, малаксаност, главоболка, болка во мускулите. Досегашните студии покажуваат дека вакцините се ефикасни во спречувањето на ковид болеста, особено штитат од посериозни заболувања и смртни исходи, а колективниот имунитет е многу значаен за да се сопре појавата на нови соеви и мутации.
Страшен земјотрес во Калифорнија
Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди северниот дел на Калифорнија во близина на границата со Невада, но досега нема информации за повредени или големи штети, соопшти американскиот геолошки институт (УСГС).
ДПИ: Гости, меѓу кои и лидер на партија, во затворен дел во угостителски објект, следуваат кривични пријави за угостителскиот објект
Државниот пазарен инспекторат најави кривични пријави за угостителски објект на „Боемска улица“, којшто примал гости во затворен дел меѓу кои и лидер на политичка партија.


