12 министри од индиската влада си поднесоа оставка
Вкупно 12 министри денеска си поднесоа оставка во Индија по катастрофалниот бран на ковид-19 кој го зафати државата. Денешните оставки се дел од голема реконструкција на кабинетот на индискиот премиер Наренда Моди во пресрет на изборите догодина.
585 лица не носеле заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Неизвесна е градбата на социјални станови во Струга
Во програмата на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор не е предвидена изградба на социјални станови во општина Струга. Но градоначалникот Рамиз Мерко вели дека силно ќе се посвети на решевање на станбното прашање на најранливите категории граѓани и заради тоа во следниот период ќе преговара со централната власт.
Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи
Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест.
Започнува научно испитување на Белчишкото блато
Научниците ќе го стават фокусот на рибната популација, но и на физичко-хемиските карактеристики на блатото. Носител на истражувањата се научници од Хидробиолошкиот институт во соработка со научни работници од Институтот за сточарство и Биотехнолошкиот факултет од Битола.
Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација
Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се 0.018 % од популацијата. Австралија има речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот на заболени со ковид-19, кој изнесува околу 31.000, излегува дека процентот на заразени е 0,12, а не 0,018.
(ВИДЕО) Силна експлозија одекна вечерва во Дубаи
Силна експлозија од засега непозната причина, одекнала вечерва во Дубаи. „Две противпожарни возила и други возила за итни случаи може да се видат како одат јужно од Дубаи на главниот пат што води кон Абу Даби“, јавил дописникот на Ројтерс.
Граѓаните да ги почитуваат мерките за побрз излез од здравствената криза
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.


