НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „РАДОЈЦА НОВИЧИЌ“
Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.
Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот
Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот. Позитивни мислења дале сите надлежни институции, а се чека одговор од Светска банка која ќе го финансира најголемиот дел од градежните зафати. Работите на изградба би почнале на почетокот од следната година.
Недела нека биде ден за САРА!
Во продажба од денеска се картите за детскиот и големиот хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Двата настани ќе се одржат во недела, 28-ми октомври, под мотото „Играме и пееме за Сара“.
Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство
Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство. Нивни колеги од Сај Арк им ја презентираа технолгијата која ја користат за активно управување со локалитети и објектите. Министерството за култура ја избра црквата Св. Софија да биде дигитално документирана од страна на Сај Арк.
ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА СОСТАНОКОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА УНИЈАТА НА ОПШТИНИ
На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.
Лоши вести за планетава
Незабележано во последните 135 години
СОСТАНОК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МЕЃУВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Безбедносната состојба во охридските основни и средни училишта е релативно добра но потребна е понатамошна поинтензивна соработка меѓу менаџерскиот тим на овие институции и полицијата со цел да се намалат одредени ризици и состојби кои предизвикуваат загриженост кај децата и родителите, ова беше заклучено на првиот работен состанок на Локалниот совет за превенција при СВР Охрид, што денес се одржа во општина Охрид, а на кој учествуваа претседателката на општинскиот совет, Живка Ангелоска и заменик градоначалникот Константин Георгиевски.
Дечињата од социјално ранливите категории заминаа на летување
На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории.