Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“
Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“. Научници од неколку балкански држави презентираа најнови истражувања во однос на културното наследство. Во рамките на конференцијата турски уметници имаа уметничка изложба на ракотворби.
Затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“
Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.
Започнуваат уписите во БРЕИНОБРЕИН
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Одделението за издавање книги повторно отворено
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30часот.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот
Од ОК на Вмро Дпмне Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот и директорите на ЈП. Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев и нивните активности поврзани со претстојниот референду, обвинија на прес конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида. Од градинката напоменуваат дека една третина од тие деца имале прекин во летните месеци, а останатите се ново запишани. Директорката тврди дека навреме се преземени мерки за дезинфекција и дезинсекција во сите објекти на градинката.
Трикови кои сигурно откриваат лажговци
Лажењето е начин на кој се сака да се избегнат одредени санкции
Спортската сала ќе блесне во нов сјај
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди спортската сала „ Билјанини Извори“, се со цел да овозможат достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.