Несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош
Многу често несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош. Не даваат предност на возилата и ги попречуваат медицинските екипи и возачите на амбулантните коли да интервенираат брзо. Дополнително амбулантните возила имаат сериозен проблем со уште понесовесни возачи кои непрописно се паркираат пред ургентниот центар.
Пронајден канабис кај жител на Лескоец
Приведено е 38-годишно лице од охридското село Лескоец, кај кого во неговиот дом полицијата пронашла седум стебла растенија Канабис.
Арнаудоски: Градоначалникот да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот
Локална власт на сдсм прави еколошка катастрофа, обвини на денешната прес конференција советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.
Укинувањето на две нискобуџетни авиолинии на Визер нема да имаат негативен импакт врз туризмот во земјава
Укинувањето на авиолиниите за Барселона и Лондон на нискобуџетната компанија Визер нема да има големо влијание врз туризмот во земјава. Негативно влијание нема да има доколку тоа остане на само овие две дестинции. Хотелските работници се надеваат на отварање на нови линии во иднина.
Георгиески: Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати
Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати, изјави на прес конференција заменикот градоначалникот Константин Георгиески, како одговор на обвинувањата на политичките опоненти. Како одговорна локална власт само ги пренаменивме ставките за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните. Исплатени се и близу 100 милиони денари стари долгови и кредит од Светска банка, истакна Константин Георгиески заменик градоначалник на Охрид.
Незапирлив раст над сите очекувања на Facebook
“Следниот предизвик на оваа компанија е да ја привлече следната милијарда корисници”
Пецаков: По партиска директива, реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на ЈП
Пецаков кажа дека неколку пати од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.
Скандал со нелегалните бугарски пасош-ќе се прави ревизија
„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“