Окт 12, 2023
Министерство за здравство
За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Oд министерството за здравство велат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход кај ризични групи.
Окт 12, 2023
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
Поевтинува дизелот
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.
Окт 12, 2023
ЈП „Охридски Kомуналец” Oхрид
Акција за подигнување на кабаст отпад во Видобишта во сабота
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад и и претходно локацијата да се пријави на дежурниот телефон
Окт 12, 2023
Совет на Општина Охрид
34-тата седница, закажана во „5 до 12“, се одржа без советниците од СДСМ и коaлицијата
Советот на општина Охрид денеска ја одржа 34тата седница со уште еден ребаланс на буџетот на дневен ред. Јавноста воопшто не беше известена дека ќе се одржува седница, а советниците дознале за истата во текот на вчерашниот ден. Советниците од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата, поради како што велат грубо кршење на Деловникот за работа на Советот и Статутот на Општина Охрид.
Окт 12, 2023
Едукација – трансформација – лидерство
Во Охрид започна Школата за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов
Темата на овогодинешната Школа за млади лидери е „Едукација – трансформација – лидерство” и на истата учествуваат четириесетина учесници од различни земји од светот, од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и Канада, кои своите знаења, вештини и амбиции за лидерство ќе ги градат и развиваат со повеќе од дваесет меѓународно признати професори, експерти од различни области, актуелни и поранешни политичари.
Окт 12, 2023
Здружение на планинари „Великамен“
Авантура на падините на убавата Галичица за дечињата со посебни потреби
Здружението на Планинари „Великамен“ и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“, ја реализираа Втората планинарско-рекреативна акција, на падините на Галичица. Дефектолозите велат дека ова е убава можност, за развивање на самодовербата кај овие лице и за јакнење на спортскиот дух, а водичите на планина додаваат дека ова е само една од можностите за инклузија на овие лица, во уште една од сферите на општественото живеење и подобра социјализација.
Окт 12, 2023
Светски ден на занаетчиството
Саем на рачни изработки за локални мали бизниси во недела во организација на МЦО
Саемот за рачни изработки ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов во периодот од 12ч до 15ч.
Окт 12, 2023
Дрвокрадци
Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Jабланица
Трговијата со дрва на „црно” посебно актуелна пред стартот на грејната сезона. Мештаните велат планината јабланица немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции. Еколозите велат дрвокрадството ќе се намали кога ќе има поголема заштита, односно прогласување на Јабланица за национален парк, процес кој се одолговлекува речиси 15 години.