Skip to main content

Дек 2, 2020

Во Струга министрите за земјоделие на Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското езеро.  Двете земји заеднички ќе ги порибуваат езерата за зголемување на рибниот фонд и возобновување на ендемичните видови риби.


Дек 16, 2013

Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.


Фев 9, 2009

Управата за јавни приходи (УЈП), која работеше и во текот на викендот, обработила околу 25 илјади пресметки за плата според новиот систем „цела плата“, што значи дека денеска плата можат да земат над 100 илјади работници.


Ное 17, 2021

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.


Дек 2, 2020

 Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година.


Дек 12, 2013

Владата во Албанија одлучила под закуп да ги дава илјадниците бункери иградени за време на комунистичкиот режим, а начинот и условите дополнително ќе бидат утврдени.


Фев 9, 2009

Новиот систем таканаречениот е-парламент и новата интернет страница на Собранието на Македонија ќе бидат промовирани денеска во Скопје.


Дек 2, 2020

95 пациенти се болнички згрижени во Општа болница Охрид. Состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19 постојано се менува и во моментов има слободни болнички кревети.  Директорот на охридската болница  упатува апел до сограѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки.