Сеп 29, 2023
Пазарите преплавени со фалсификуван мед
Од Здружението на пчелари од Охрид апелираат до купувачите да бидат внимателни, да купуваат само од декларирани пчелни стопанства. Апел и до Агенцијата за храна со позасилени контроли и поголеми казни да се стави крај на оваа негативна појава.
Сеп 29, 2023
Општина Охрид
Средствата од хуманитарните паркинзи донирани за Лулзим и Алпај
Градоначалникот Пецаков упати апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донираат за нашите сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба.
Сеп 29, 2023
14 та Меѓународна научна конференција за безбедност во Струга
Безбедносната состојба во земјава стабилна, будно се следат настаните во соседството
Војната во Украина предизвика тектонски последици во Југоисточна Европа. Потребни се квалитетни политички концепти и одлуки во обраната на регионалната и националната стабилност, истакна министерот Спасовски на 14та меѓународна научна конференција во Струга. Безбедноста во земјава е стабилна, оценуваат експертите, но будно се следат состојбите, по последните случувања на Косово.
Сеп 29, 2023
Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Утре црковно народен собир во црквата Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
На 30 септември, црквата го празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Сеп 29, 2023
УХМР
Сончево со умерена облачност, попладне дожд
Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.
Сеп 28, 2023
Секретаријат за европски прашања
Одложен настанот во Охрид од кампањата „Ние сме Европа“
Причина за одложувањето се непредвидени итни обврски на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
Сеп 28, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 87 денари.
Сеп 28, 2023
Граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје зимава
Одлуката за зголемените квоти за увоз на јужно овошје ќе трае до 31 декември годинава, а за намалување на царинските давачки до 28 февруари 2024 година.