Skip to main content

Фев 3, 2012

Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски.


Сеп 3, 2021

Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19. 24 новозаболени во Охрид.


Фев 3, 2012

Во куќата единствен станар е неподвижна старица која за среќа веднаш била однесена на безбедно. Причинета е само материјална штета, а како причина се наведува запалениот оџак. По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот е целосно изгаснат.


Јан 23, 2018

Повторно се работи околу објектот на али пашината џамија во охридската чаршија. Деновиве поставени големи столбови. Ова се случува откако министерот за култура најави стопирање на проектот за конзервација и реконструкција на џамијата и не гово преиспитување дали се испочитувани сите законски процедури.


Фев 3, 2012

Нови петнаесетина сантиметри снег, стара мака за надлежните. Од „Комуналец“ велат дека без прекин се работи на расчистување на снегот според динамиката и категоријата на улиците. Граѓаните пак нималку задоволни од проодноста на oхридските улици.


Јан 23, 2018

Зајакнување на понудата на сместувачките капацитети, тема на денешната работилница “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”. Охриѓани имаа можност од странски експерти да слушнат како може да се продолжи туристичката сезона и да трае цела година, како би се зголемила и продажбата на приватните сместувачките капацитети.


Фев 2, 2012

„ВМРО- НАРОДНА нема да згасне. Сега ќе имате работа со вистинското ВМРО“, порача на денешната прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна, Ванчо Костоски.


Сеп 19, 2015

Ikea освен со производите позната е и по своите интересно уредени продавници