Skip to main content

Ное 9, 2011

Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација.


Сеп 27, 2012

Струшките социјал-демократи, од врата до врата да го слушнат мислењето на своите сограѓани за тоа каква иднина и каква општина сакаат да имаат.


Ное 9, 2011

Македонија ќе биде домаќин на петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) кој ќе се одржи идната година во Охрид на 26.март.


Дек 6, 2017

Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Градоначалникот Јован Стојаноски кој ја доделува наградата рече дека Бошале  е еден од најдобрите познавачи и хроничари на Охрид, а неговите дела се една убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници а неговото творештво треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец.


Ное 8, 2011

Македонија е посебна турситичка дестинација на која и е неопходен индивудален модел, велат од Туристичката комора на Македонија.


Ное 7, 2011

Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град.


Сеп 1, 2021

Од ЈП Билјанини извори кое стопанисува со каналот Студенчишта информираат дека редовно ја одржуваат неговата чистота, но се забележуваат вакви несакани појави. Апелираат сопствениците на пловните објекти да водат грижа каде завршува отпадот кој го носат по завршување на пловењето.


Ное 7, 2011

Низа активности на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ по повод Денот на ослободувањето на Охрид и патрониот празник на ова претпријатие. Својата богата агенда вработените во Комуналец ја започнаа со крводарителска акција во административните простории на претпријатието.