Skip to main content
Окт 17, 2026
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека се потпишани протоколи за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза со Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје и Клиничката болница Штип.

Окт 17, 2026
При вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство запленила и уништила еден тон пилешки желудници и дополнителни 55 килограми месни подготовки во кои биле употребени овие производи, чиј увоз и употреба за човечка исхрана се забранети од јули 2024 година. Против две месарници се преземени прекршочни мерки.

Окт 16, 2026
Со пораката „Помислете и на нас“, Црвениот крст повикува на хуманост, солидарност и заедничка грижа за најранливите категории граѓани, бидејќи секоја донација и секој хуман гест можат да направат значајна разлика.

Окт 16, 2026
Право на учество имаат учениците од средните училишта на територијата на општина Охрид. Крајниот рок за доставување на идејните решенија е 5 ноември 2026 година, до 12 часот.

Окт 16, 2026
Подготовката на домашна зимница, некогаш неизоставен дел од есента, сè повеќе се заменува со купување готови производи. Пазарџиите во Охрид велат дека продажбата на зеленчук е значително намалена, а високите цени, променетите навики на потрошувачите и конкуренцијата од маркетите придонесуваат традицијата полека да исчезнува.

Окт 16, 2026
Охридското Езеро е порибено со нови 100 илјади единки охридска пастрмка, а во текот на август и септември во езерото биле внесени вкупно 6,5 тони подмладок. Паралелно со напорите за обновување на рибниот фонд, продолжува борбата против нелегалниот риболов.

Окт 16, 2026
Со оваа иницијатива, граѓаните добиваат можност преку едноставен гест да помогнат во обезбедувањето храна за оние на кои им е најпотребна.

Окт 16, 2026
Десетици деца секојдневно питачат по улиците во Охрид и Струга, а дел од нив, според тврдењата на здружението „Градиме иднина“, се жртви на организирана експлоатација и насилство. Од здружението бараат отворање дневни центри, вклучување на децата во образовниот процес и поефикасни институционални мерки за нивна заштита.