Skip to main content

Јул 8, 2020

Донев рече дека со желба да ги вдоми партиските послушници на СДСМ, Градоначалникот склучил четири незаконски договори кои се недозволени во таа форма и истите се со нејасни цели и фиктивни работни задачи.

Кабинетот на Георгиески претворен во КОВИД-тим со незаконски договори нè чини фантастични 190.000 ден. месечно, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев. Донев рече дека со желба да ги вдоми партиските послушници на СДСМ, Градоначалникот склучил четири незаконски договори кои се недозволени во таа форма и истите се со нејасни цели и фиктивни работни задачи.

„Ангажирани лица според договорите се најблиските соработници од кабинетот на градоначалникот. Правен консултант од кабинетот на Георгиески и координатор на Општинскиот кризен штаб за заштита на населението од КОВИД-19 за својот ангажман ќе добива фантастични 60.000,00 денари плус да му биде платен и персоналниот данок. За споредба толкава плата не добива ни Директорот на Општата болница.“ – кажа Донев.

Според Донев, економски консултант од кабинетот на Георгиески за справување со економските последици од коронавирусот за својата работа ќе добива 40.000,00 денари плус платен персонален данок, исто толку ќе добива и консултантот во кабинетот, давател на интелектуални услуги за намалување на негативните економски последици од КОВИД-19 а 30.000,00 денари плус данок ќе добива вршителот на инетелктуални работи во Општината, за потребите на кризниот штаб како дел од кабинетот на Георгиески задолжен за односи со јавност.

„Ги повикуваме стручните служби на општина Охрид веднаш да ги прекинат исплатите по овие договори затоа што и тие знаат дека се незаконски и дека еден ден ќе има одговорност за ова! Ние ќе ја известиме Антикорупциска комисија за ова беззаконие, а очекуваме и ОЈО Охрид по допрен глас да отвори истражна постапка за ваквите договори.“- рече Донев.

Донев додаде дека  има чесни и посветени вработени во администрацијата на локалната самоуправа и во јавните претпријатија кои секојдневно посветено работат со цел системот да функционира, а се минимално платени за својот труд.





Апр 19, 2016

Централната Власт нема ниту цигла поставено во Лабуништа и покрај предизборните ветувања кои години наназад ги добиваат од политичките партии, реагираат лабуништани. Исто така претседателот на Месната заедница Алија Тасими пренесе дека ниту од локалната власт не се слева ниту денар во нивната каса и покрај договорот со струшкото локално раководство.


Апр 6, 2011

По серијата несупешни обиди, истекувањето на радиоактивнта вода од оштетената јапонска нуклеарка “Фукушима 1“ е сопрено.


Јул 8, 2020


ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.


Апр 5, 2011

Американскиот ланец на ресторани за брза храна “Мекдоналдс“ објавил дека на 19 април ќе отвори конкурс преку кој во еден ден ќе можат да се вработат 50.000 луѓе.


Ное 1, 2021

Пандемијата ги менува професиите. Политички аналитичар од Охрид денес успешен земјоделец и продавач на зимница. Таков е примерот на охриѓанката Катерина Василеска.


Јул 8, 2020


ТВ дуелот како двобој на ставови, аргументи и контра аргументи на јавна сцена е нормален и составен дел од политичка кампања во избори во демократско општество и е показател на политичката култура. Иако твм организираше тв дуел со кандидати за пратеници во 5ИЕ, тоа ќе им биде ускратено на граѓаните. Кандидатот за пратеник Жаклина Лазаревска не прифати телевизиско соочување со политички опонент иако од партијата своите кандидати на овие избори ги охрабрувале да учествуваат на дебати.


Апр 4, 2011

Европската Комисија воведе нови прописи, според кои, ќе може да се увезува млеко со три пати поголема радиоактивност, додека во рибите и растителните масла нивото може да биде повисоко и за 20 пати, пишуваат австриските медиуми.