Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур
Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур. Стока изложена околу влезот на маркетот, пакети со производи, палети на тревникот, во строгиот центар на градот веднаш до плоштадот на најфреквентната локација со туристи. Граѓаните негодуваат дека таква слика не доликува ни на маалска продавница а камо ли на бренд како што е Рамстор.
Mистериозниот живот на Ташула
Очите на Ташула секој ден биле свртени кон Имарет. Долго длабоко тагувала по своето чедо и тајните мајчински чувства останале длабоко во нејзината душа……
Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации
Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации. И понатака има суфицит од правници, економисти и менаџери по туризам и угостителство. Недостасуваат лекари и фармацевти. Од Центарот за вработување информираат дека стагнира бројот на невработените лица во општина Охрид во споредба со минатата година.
Закон за Охрид
Вознемирувачки најави на реномирани светски метеоролози
Оваа зима нашата планета ја чека климатолошка Гоѕила
Експресен демант од Локалната
Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова
Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова. На неа можат да се забележат остатоци од храна, стакло и отпадоци. Пешаците кои секојдневно ја користат за рекреација бараат ЈП Комуналец да ја измие и да светне во полн сјај. Од Локалната ветуваат дека со координација помеѓу ЈП Комуналец и ЈП Нискоградба деновиве ќе се измие патеката.
Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?
Сликата на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа ги разбранува страстите. Општа болница-Охрид во одбрана на својот интегритет. Велат контроверзната слика е лага и конструкција која ја подметнуваат СДСМ и Локалната.