Skip to main content

Јан 6, 2011

По два неуспешни тендери за изработка на студија за сообраќај за Охрид, локалната распишува трет.


Фев 18, 2014

Овој вторник е на добар пат да биде најтопол ден од овогодинешниот месец февруари. Времето ќе биде сончево и генерално потопло во однос на понеделник.


Јан 6, 2011

Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција.


Јул 7, 2017

Секој ден Димитар Свилар од Долно Лакочереј охридско, се снабдува со вода полнејќи неколку канти од чешмата во близина на селската црква. Тој како што открива за ТВМ, 4 децении живее без вода во својот дом, а досега месната заедница не успеала да го реши неговиот проблем. Свилар е крводарител кој околу 200 пати дарувал крв. Овој хуман човек се надева дека надлежните ќе најдат начин да му излезат во пресрет сега кога тој има потреба од помош.


Јан 6, 2011

Отворена изложба на академскиот сликар Славко Упевче, посветена на 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Посетителите остануваат без збор пред  неговите пејзажи,  изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.


Јан 6, 2011

На симболичен начин, со песна, дечињата од хорот „ Распеано ѓерданче“, на Охриѓани, им го честитаа големиот христијански празник Божиќ. Воедно, го промовираа и своето прво ЦД.


Јул 7, 2017

Не стивнуваат реакциите за сечењето на борот кај Летница. Од петте дрва кои правеа ладовина на овој простор сега останаа 4, а на две  им беа  поткастрени  гранките. Охридската јавност  и овој пат е иритирана од леснотијата со која Комисијата за сечење дрва на јавна површина издава решенија. 


Јан 5, 2011

Еколошките острови сеуште чекаат да бидат ставени во функција.