Фев 20, 2026
ретки болести
Ги запознаваме ретките болести: Конгенитален (вроден) синдром на Хорнер
Конгениталниот (вроден) синдром на Хорнер (окулосимпатична парализа) е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со релативна пупиларна миоза (констрикција на зеницата) и блефароптоза („овенување“ на горниот очен капак), забележливи при раѓање и предизвикани од прекин на окулосимпатичката инервација во која било точка покрај нервната патека од хипоталамусот до орбитата. Често можат да бидат присутни и дополнителни симптоми, како што се енофталм, анхидроза на лицето (отсуство на потење), хетерохромија на ирисот, конјунктивална конгестија, минлива хипотонија и/или доцнење со проширување на зеницата.
Фев 20, 2026
Д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан” – Охрид доби престижна европска стипендија за професионална надградба
Младата македонска интервентна кардиологија продолжува да се позиционира на европската мапа.
Фев 20, 2026
Во Белград се одржа традиционалната „Охридска вечер“
Охридската вечер е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам, кој деновиве се одржува во Белград.
Фев 20, 2026
православен календар
Преподобен Партениј, епископ Лампсакиски
Спомен на Преподобен Партениј, епископ Лампсакиски
Фев 20, 2026
УХМР
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Во Охрид денес температурите во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.
Фев 19, 2026
општина охрид
Охрид дел од Саемот за туризам во Белград
Општина Охрид од денес до 22 февруари ја презентира својата богата туристичка понуда на 47-от Меѓународен саем за туризам во Белград, заедно со Министерството за култура и туризам, претставници на ХОТАМ и други туристички чинители.
Фев 19, 2026
Успешно реализирана показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“
Црвен Крст Охрид во соработка со Територијалната против пожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи и Итната медицинска помош продолжува со увежбување на оперативните планови за заштита, спасување и евакуација, особено во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Денеска беше успешно реализирана показна вежба за евакуација во општинското основно училиште Кочо Рацин. Целта беше учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и да ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда, после случен пожар.
Фев 19, 2026
Државно музичко училиште Струга
Стружанецот Христо Дејкоски ќе настапува во светскиот младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во САД
Христо Дејкоски од Струга дел од реномираниот младински оркестар при Interlochen Center for the Arts – награден со стипендија по строга светска селекција