Нема ризик од инфекција на Хепатит
Сепарирани сали за дијализа во Заводот за нефрологија од Струга, превенција од инфекција на Хепатит Ц.
Зграда како аптека
„Жена домаќинка“ по седми пат во Охрид
Манифестацијата „Жена домаќинка“ и годинава традиционално ја отпочнува сезоната во хотел Далјан во Охрид. Претставнички од понежниот пол од 18 општински здруженија на глуви и наглуви лица и годинава по добро познати правила и пропозиции ќе се докажуваат на полето на кулинарството. Некои од нив ќе бидат прогласени за најдобри а на крај сите ќе ги дегустираат деликатесите кои ги подготвиле за оваа прекрасна манифестација.
Како се трошат народните пари
Ова прашање отвори жестока дебата на денешната седница на советот на Општина Охрид. Секако, градоначалникот Петрески имаше свои аргументи како да се оправда пред советниците, но на тоa не му поверува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Успешна акција: „Имаш 5 минути дарувај крв спаси нечиј живот“
Не е точно дека кардиоваскуларната болница во Охрид ќе работи како ковид центар
Набрзо по пласирањето на веста за наводното отворање на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид како ковид центар, стигна демант од оваа јавно-здравствена институција. Оттаму демантираат дека од почетокот на наредната недела ќе отворат оддел за лекување на ковид пациенти.
Што беше тоа танц?
Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“
ОУ „Христо Узунов“, одбележа 4 децении од своето постоење. Директорот Тони Симоноски истакна дека нивното училиште постојано е во тек со сите случувања во градот, пред се од аспект на воспитно образовниот процес, но и со останатите случувања од општественото живеење.