Хилари Клинтон попопуларна од Обама
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која минатата година ја загуби од Барак Обама трката за номинација за демократски претседателски кандидат, сега е попопуларна од претседателот на САД, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата Галуп.
ВМРО ДПМНЕ: ЈП „Колекторски систем“ никако да профункционира
Новото државно јавно претпријатие „Колектосрки систем“ блокирано. Наместо нормално функционирање на новоформираното претпријатие власта имала други приоритети, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Движењето за реформи ДПА, чека регистрација
Цели два месеци новата политичка партија Движењето за реформи ДПА, чека регистрација. Патот за легализација на новата политичка опција минува низ трнлив пат по судските установи и не е лесен, вели Зијадин Села, еден од основачите на партијата. Но и покрај тоа Села очекува позитивно решение, за да почнат да функционираат.
Баросо бара брза одлука за Лисабонскиот договор
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.
За поголем економски развој на регионов потребно е поинтензивно користење на фондовите од ЕУ
Досега се искористени бројни можности, а една во најава е набавка на еколошки бродови за поголем економски бенефит на жителите од крајезерскиот регион.Во таа насока се поттикнуваат општините, здруженијата и институциите да се вклучуваат активно во изготвување на проекти со кои ќе придонесат за развој на целокупното општество, повикува министерот на локална самоуправа Горан Милевски.
Коментари на грчките медиуми во врска со извештајот на Европската комисија
Прво решение за името на Македонија, па потоа членство во ЕУ, го коментира денеска атинскиот весник „Етнос“ извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата.
Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава
Тоа се проекти со кои Центарот за култура „Григор Прличев“ аплицирал за средства од Програмата за поддршка на проекти од културата од национален интерес за 2020та. Директорот на Центарот е задоволен од добиените средства и најавува продолжување на богатата програма.
Најмалку 15 мртви во напади врз полицијата во Пакистан
Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.