Skip to main content
Сеп 25, 2026
Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против шест лица за оштетување на старата струшка куќа на Владо Малески, прогласена за значајно културно наследство. Според обвинението, при уривање на соседен објект и ископ за изградба на нова зграда бил поткопан заедничкиот ѕид, што предизвикало дестабилизација и уривање на заштитената куќа.

Сеп 25, 2026
православен календар
Светиот свештеномаченик Автоном

Сеп 25, 2026
УХМР
Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Сеп 24, 2026
Граѓаните кои имаат потреба од облека можат да го контактираат ЈП Охридски Комуналец преку зелениот телефон 076 355 327.

дпи
Сеп 24, 2026
Недоволниот број инспектори, недостигот од раководен кадар и ограничените буџетски средства ја доведуваат во прашање континуираната контрола на безбедноста на производите во земјава. Државниот завод за ревизија предупредува дека по завршувањето на меѓународните проекти е неизвесно дали ќе продолжат лабораториските испитувања на производите, а во Одделението за безбедност на производи се пополнети само пет од предвидените 14 работни места.

Свр Охрид
Сеп 24, 2026
52-годишен жител на Охрид се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга.

Сеп 24, 2026
Охридскиот Совет на 30 септември ќе одржи две седници во ист ден, на кои на дневен ред ќе се најдат низа прашања поврзани со работата на јавните претпријатија, фотоволтаичните централи, управувањето со отпадот и урбанистичкото планирање, а советниците ќе имаат можност и да постават прашања до локалната власт.

Сеп 24, 2026
Врвни експерти, претставници на институциите и научната заедница од земјата и странство денеска и утре во Охрид ќе дебатираат за иднината на безбедноста, сајбер-заканите, хибридните ризици, критичната инфраструктура и дигиталната отпорност на општествата.