Skip to main content

Јан 31, 2009

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека Израел повторно ќе напаѓа цели на Хамас во Појасот Газа ако тоа е неопходен.


Окт 2, 2019

Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО.


Јан 30, 2009

Компанијата “Форд” планира да укине една петтина од работната сила, односно околу 1.200 работници, за да заштеди средства за нови проекти и подготовка на модел за соочување со кризата.


Окт 2, 2019

Пробиен е рокот за изградбата на затворениот гратски пазар. Нема ниту банкарска гаранција па со тоа се доведува во прашање понатамошната судбина на овој капитален објект кој сеуште е во изградба.


Јан 30, 2009

Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич.


Окт 14, 2021

Од Националниот парк „Галичица“ попладнево информираа дека поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден.


Окт 2, 2019

43 семејства од станбена зграда во центарот на Охрид oд денеска не можат нормално да функционираат затоа што им е блокиран пристапот до нивните домови. На просторот каде што досега поминувале се гради нова зграда а од патот кој е превиден со ДУП 20 години нема ништо затоа што минува низ парцели во приватна сопственост.


Јан 29, 2009

Приближно 400 учесници од протестната поворка во швајцарскиот град Базел повикаа вчера на завршување на „балот на вампирите“, како што го нарекоа почнатиот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.