Фатен осомничен за тешки кражби во дебарско
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Достојно одбележување на светскиот ден на театарот
Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на Детско Драмско Студио.
Видео: Необична случка во зоолошка градина
Посетител разлутил горила
Литругија по повод петтата недела од Велигденскиот пост
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 29 март 2015 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Петата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Создавање музика преку современа технологија
Во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид во организација на Гете-Институт Скопје ќе се одржи работилница на германски јазиик на тема „Нови медиуми, подвижност и уметност“ раководена од референтот, уметник и педагог, Карстен Гале од Германија.
Денеска конститутивна седница на Собранието на Македонија
Се бираат најдобрите оратори
Во голема сала на Општина Охрид ќе се одржи финалниот натпревар на „Ораторските средби“ кои општина Охрид ги реализира по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот” од Григор Прличев.
Најпосле се издадоа струшките плажи
Познати идните 7 концесионери на струшките плажи. Женска плажа и овојпат најпосакувана и најпримамлива локација. Таа падна во рацете на Мерсим Селими кој на јавното наддавање кое што денес се оддржа во Министерството за транспорт и врски понудил највисока цена по метар квадратен.