Заседаваат градските татковци
Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци.
Помор на пчели во охридско поради несовесно користење пестициди
Пчелари од Охридско и Дебрца алармираат за помор на пчели. Се сомневаат дека штетите настанале поради несовесно користење пестициди. Секоја година, се случуваат труења на пчелите поради хемиски препарати и неправилни, не едуцирани прскања против болести и штетници во земјоделството. Оваа година ќе има намалени приноси на мед, но ако се земе предвид дека 80 % од опрашувањето на растенијата го врши пчелата, со нејзино труење директно се влијае врз намалување на приносите во земјоделието.
Хуманите охридски гимназијалци на дело
Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење.
Репарација и надоградба на колекторот за спас од поплави
Неодложна репарација, реконструкција и надоградба на колекторскиот систем е спас од поплавите со кои години наназад се соочуваат жителите на делови од Охрид и Струга последните неколку години, изјави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Локалната Самоуправа задедно со Владата прави напори да изнајде средства за таа капитална инвестиција која според веќе направените проценки на експертите би изнесувала околу 60 милиони евра.
Шешељ: Во Србија доаѓам за да се осветам
Воислав Шешељ е привремено ослободен поради здравствени проблеми
Годинава старите бекатонски крпеници ќе се асфалтираат
Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи.
Славе Банар-прв охриѓанец добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“
Годинешниот лауреат, Славе Банар вели дека во своето творење тој само постапил по чекорите кои ги гледел целиот свој живот, чекорите на големиот Григор Прличев.