Започна пријавувањето на Охрид Ултра Треил 2020
Од денес, 12 декември 2019 па се до 15 мај 2020 година, љубителите на планината и трчањето ќе може да се пријават на Охрид Ултра Треил 2020. Спортско рекреативниот настан во планинско трчање кој е отворен за сите уживатели во планината од најразлични возрасни категории ќе се одржи од 22 до 24 мај 2020 година и ќе биде составен од три трки во планинско трчање во должина од 18, 66 и 107 километри.
Локални избори и референдум во Италија
Италијанците и денеска излегуваат на избирачките места за да гласаат на референдум за изборниот закон, и на вториот круг локални избори, на кои левицата се надева на подобар резултат отколку во првиот круг.
Втор круг на гласање ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца
Според неофицијални информации, втор круг на гласање за Локалните избори ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.
Емилија Николовска од ОУ „Григор Прличев“ освои бронза на олимпијада по природни науки во Доха
Емилија Николовска, ученичка во 9то одделение во ОУ „Григор Прличев“ од Охрид освои бронзен медал на 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (физика, хемија и биологија) што се одржа во Доха, Катар од 3-ти до 12ти декември.
Идентификувани 11 тела од жртвите на францускиот ербас
Идентификувани се 11 од пронајдените 50 тела на загинатите во падот на авион на „Ер Франс“ кој на почетокот на месецот се урна во Атлантскиот океан во близина на бразилскиот брег, со земање отпечатоци од прсти и карактеристики од забите.
Во Вевчани интезивно се гради
Се користи убавото есенско време за завршни подготовки врз информативниот туристички центар, се поплочуваат улички низ селото, а се работи и на платото пред општинската зграда. Жителите се заинтересирани да ги реставрираат старите напуштени, камени куќи и Вевчани да го напаваат привлечно туристичко место за посетителите од странство и дома.
Големо невреме во Италија однесе четири животи
Четири лица се удавија, а едно исчезна во морето, откако силна бура ја зафати денеска Италија, јави агенцијата АНСА.
Средба со проф. д-р Методи Чепреганов „Стресот денес“
Во петок 13 декември од 12 и 55 во Прличевата одаја во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Организацијата на жени од Битола ќе се одржи кафе дружење со проф. д-р Методи Чепреганов на тема: „Стресот денес“.
