Настрадаа новите автобуски постојки
Новите автобуски постојки ишкртани и испишани со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра. Од ЈП „Градски пазар“ уште во текот на оваа недела ќе започнат со отстранување на графитите, но тоа нема да помогне ако граѓаните и понатаму се однесуваат вандалски и ги уништуваат, велат од општината.
За твојата иднина
Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси
Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси кои неправилно се паркираат. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Од СВР велат дека го имаат детектирано овој проблем, па затоа сообраќајната полиција ќе биде поприсутна на овој потег.
„Танец“ и „Ладо“ вечерва на „Охридско лето“
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот.
Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена
Деновиве надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици извршија асфалтирање на повеќе локации на оваа улица и повеќе други локации каде биле извршени санации со бекатон плочки.
Револтиран охриѓанец по втор пат блокира улица поради немил настан
Тој бара пополнување и асфалтирање на дупката пред неговата семејна куќа што минатиов викенд за влакно ќе била причина за трагедија во која ќе настрадала неговата внука.
Завршија годинешните „Игри без граници“
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Извршниот директор на Apple го донира своето богатство
Tim Coock се приклучува на списокот богаташи кои го донираат своето богатство