Skip to main content

Ное 21, 2014

ОУ „Братство и Единство“ го одбележа денот на албанската азбуката

Со пригодна културно уметничка програма основците од „Брартство и единство“ ја одбележаа 106 годишнината од Битолскиот Конгрес. Тогаш се официјализира единствената азбука за албанскиот јазик.


Фев 16, 2011

Внимавајте што постирате на Facebook

МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале.  Администраторите на групите можно е и кривично да одговараат.


Ное 21, 2014

Потрошувачките спорови можат да се решат со помош на медијатор

Споровите на потрошувачите можат да се решаваат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите. Од Советот на потрошувачи на Општина Охрид сметаат дека тоа се должи на слабата информираност на граѓаните.


Мар 20, 2010

Селмани се сретна со членството на „Нова демократија“ од Струга

Нова демократија се подготвува за предвремени парламентарни избори и покрај тоа што официјлни најави за тоа нема. По шпекулациите дека можно е ДУИ да излезе од владината коалиција, Селмани рече дека во оваа Влада не го гледаат своето место.


Ное 21, 2014

СДСМ Охрид: Приведувањето на поранешниот градоначалник Александар Петрески, го нарече политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта

Општинската Организација на СДСМ од Охрид се огласи во врска полициската акција „Јагула“.Томислав Тунтев претседателот на О.О на СДСМ од Охрид на денешната прес конференција запраша  дали ова е нов политички прогон со монтиран судски процес со кој се одвлекува вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас?


Јун 2, 2021

Танцување на растојание, мерење температура: Објавен протолокот за свадби

Пред гостите да влезат во локалот каде што треба да се одржува свадбената прослава, задолжително ќе треба да ги дезинфицираат рацете и на секој гостин ќе му биде измерена температура. Гостите нема да може да се ракуваат и гушкаат со младоженците или со гостите на забавата. Од Владата денеска потврдија дека жива музика ќе има само на свадбените прослави, но под услов бендот да е поставен на најмалку пет метри оддалеченост од масите со гости.


Ное 21, 2014

Во акцијата “Јагула” приведени повеќе поранешни фукционери вработени во Општина Охрид

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР спроведе координирана акцијата со цел сузбивање на организирана криминална група, составена од 16 лица за кои постои сомневање дека во континуитет, во периодот од 2007 до 2013 година, биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во корист на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група.


Ное 21, 2014

Дегустација на ашуре во ОУ „Братство единство“

Во  рамките на предвидените активности  како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, О.У. “Братство Единство” – Модел училиште,  во соработка со Советот на родители, Ученичката заедница и наставниците организира заедничка активност – подготовка на традиционален десерт  по повод на месецот Ашуре.