Потрошувачката кошничка се попразна
Мали плати, скапи производи, голема невработеност. Наместо полни колички и кошнички за пазарање, граѓаните се попразни излегуваат од маркетите, и во кесите и во својот џеб.
20 години кинески хакери крадат податоци од американски компании
Моќниот вирус Американците сеуште не успеваат да го запрат
Што значи хуман третман на бездомни кучиња
Две илјади денари чини вакцинација, кастрација и чистење од паразити на едно бездомно куче. Законот за благосостојба на животните укажува дека секоја општина треба да има градско прифатилиште за кучиња. Но за жал во нашиот регион сеуште нема ниту едно прифатилиште.
Граѓани се жалат дека на паркинзи од иста зона, плаќаат различна цена за паркирање
Според официјалниот ценовник на ЈП Билјанини Извори за првиот час паркинг во зона А се плаќа 30 денари, а секој нареден час чини 20 денари. Но има примери кога граѓани и за вториот или третиот час паркинг морале да ја платат повисоката цена.
Струмичкото село Дабиле под вода
Жителите на струмичкото село Дабиле се во шок, откако изгубија безмалку сè што имаа стекнато во животот во големото невреме и поплавите кое го зафати струмичкиот регион.
Живот помеѓу вечните Париз и Охрид
Живот помеѓу центарот на модата Париз и балканскиот бисер-нашиот Охрид. Ова е изборот во кој за Тамара Филчоски, родена французинка, а македонска невеста, победник е токму Охрид. Во Македонија за неа животот е релаксиран и луѓето имаат време за се. А токму во нашиот град, во ОУ „Христо Узунов“ денес беа одбележани деновите на франкофонијата.
Ќе има или не дисперзирани студии?
За спас на занаетите соработка со локалната и помош од централната власт
Редовни состаноци на занаетчиите со локалните власти, организирање на занаетчиски изложбени базари, царински олеснувања, кратење на процедурите за добивање државна помош. Ова се само дел од идеите на занаетчиите за тоа како да се работи на повторна популаризација на голем број занаети наспроти оние кои за жал веќе не постојат.