Третото издание на Охрид ТрчаТ со рекорден број учесници
Манифестацијата која од година во година бележи раст и го подигнува нивото во организацијата го става Охрид на мапата на маратони и полумаратони во регионот и пошироко. Заложбите на организаторите и креативниот тим на Охрид ТрчаТ како и бројката на учесници покажуваат дека годинешното издание ќе биде своевиден спортски спектакл, беше истакнато на денешната прес конференција.
Минарето на Али Пашината џамија во Охрид е завршено
Работниците го отстрануваат полека скелето и заштитната мрежа и се открива минарето високо околу 25 метри.
„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар
Станува збор за инвентивна претстава која содржи црн хумор. Режисерот и сценографот нудат изненадување за публиката. Режијата е на Ана Батева, а играат охридските актери Стаматоски, Тодороски, Стефаноска и Кипроски. Премиерата ќе се случи на 3 јуни кога се одбележуваат и 8 години од формирањето на Охридскиот народен театар.
Најголемата брана во светот пред распукување
Опасноста од распукување на браната е огромна и се заканува на 1,5 милиони луѓе
Скоро секој втор Македонец е активен пушач
Тоа го покажале истражувањата на Институтот за јавно здравје и оптшинските центри за јавно здравје во земјава. Над 40 проценти од пушачите се младо возрасно население, а над 50 проценти од активните пушачи се мажи. Децата првата цигара ја палат на 11 годишна возраст. Денес се одбележува Светскиот ден без тутун,а во фокусот е здравјето на белите дробови.
70000 евра надомест за семејствата на загинатите полицајци
Владата на Република Македонија,на седницата одржана вчеравечер, одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да им се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност.
НЕДЕЛА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОХРИД
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности.
Нов паркинг во СОУ „Нико Нестор“
Нов паркинг доби СОУ „Нико Нестор“ Струга. Овој паркинг простор кој се наоѓа позади училишната зграда ќе биде наменет исклучиво за професорите, кои ќе имаат 30 места на располагање за да ги паркираат своите автомобили. Овој зафат струшката гимназија го реализира со средства од нивниот буџет и со голема соработка со учениците и професорите од стручните паралелки.