Skip to main content

Апр 22, 2011

Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.


Мар 15, 2016

Ракометниот Клуб „Охрид 2013“ камен на сопнување на вчерашната седница. Опозиционерите тврдат дека сите општински пари наменети за развој на спортот во градов одат за овој клуб чиј претседател е секретарот на општината. Секретарот пак, ги демантира ваквите инсинуации и рече дека општината се труди да финансира секаде каде што може.


Јул 22, 2021

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски – Лозано овој петок (утревечер) ќе одржи голем концерт во Охрид.


Мар 15, 2016

Локалитетот, Белчишко Блато или „Сини Вирови“ е еден од најголемите сочувани еко системи во Македонија. Општина Дебрца, заедно со Грција, преку Европската Унија за погранична соработка, до 31 Март треба да аплицира со проект, за уредување на ова парче недопрена природа, каде е предвидено да се изгради пристапен пат, видиковци, пешачка патека и паркинг простор.


Јул 7, 2020

Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.


Мар 15, 2016

Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици.


Мар 14, 2016

Oхридските советници со  жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017.


Мар 8, 2015

Атрактивноста не е нивниот единствен адут