Интензивно се работи на изградбата на пешачката патека во Оровник
Со реализацијата на овој проект жителите на Дебрца, особено од овој крајбрежен дел ќе добијат место за релаксација во непосредна близина на Охридското Езеро.
Мирен протест на жителите на ул.Илинденска
Металните порти со кои Дебарско кичевската епархија го огради просторот над црквата Св.Софија ги примора на мирен протест жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот.
Супер-Земја навистина постои
Астрономите откриле планета која е на 20 светлосни години оддалечена од нас
Атрактивен дочек на туристите на Заливот на коските, со охридски бисер и коктелот ЕДЕН Бисер
Голема посетеност на Охрид по повод осми март најавуваат туристичките работници од градов. За тоа придонесува креативноста на охриѓани кои со низа брендови успеаја да примамат голем број туристи посебно од соседните земји. Денес на Заливот на коските по петти пат туристите го бараа охридскиот бисер, но за прв пат го вкусија новобрендираниот напиток ЕДЕН Бисер.
Неколку охридски улици без јавно осветлување
Во мрак, без јавно осветлување останаа неколку охридски улици. Тоа се случило поради силниот ветер кој пред неколку дена го зафати нашиот град, велат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.
Русите се луди по нашето грозје
За четири пати е зголемен извозот на македонското грозје во Русија, објави бизнис порталот “Росијинвест“.
Дополнителни корективни вежби во охридската детска градинка
Два часа неделно од областа на физичката култура ќе одржуваат стручни лица во централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта е да се постигнат резултати за правилен раст и развој кај децата, но и корективно да се влијае кај веќе настанатите проблеми кај децата кои веќе имаат рбетни деформитети.