Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање
Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање.
Денеска ќе бидат погребани храбрите струмички браќа
Ден на жалост во Струмица.
Слатководниот рак се враќа во Охридското Езеро
Уште една реткост се враќа во водите на Охридското езеро. Станува збор за слатководниот европски рак. Добар дел од оваа популација пред 25 години угина поради чумата која го зафаќа овој вид. Доколку продолжи трендот на намножување овој рак би можел да се најде и на менијата на охридскте ресторани.
Избрзана седница
Видео надзорот во охридскиот студенски дом драстично ги намали штетите
Појавите од типот кршење врати, инвентар, шкртање по ѕидовите, оштетување на прекинувачите за струја, во охридскиот студенски дом, сведени на минимум. Тоа се должи на видео надзорот кој минатата година беше инсталиран во овој објект. Средствата кои биле инвестирани за овој зафат, веќе биле повратени со она што во минатото се трошело за поправка на штетите кои ги правеле студентите, обелоденува директорот Маријан Ристески.
Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата
На јавната расправа сопствениците на имоти во оваа зона даваат поддршка на Законот, но најмногу се интересираа за остварување на нивното право за градба. Додека трае постапката за прогласување на парк на природата во заштитената зона не смее да се гради, децидни од ресорното министерство.
Кривична за турски државјанин за Фалсификување исправа
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истамбул Република Турција.
Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото
Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци.