Skip to main content

Апр 9, 2019

Повеќето кандидатите за градоначалник со позитивен став за тоа како се одвиваат 8 -те изборни дена, со исклучок на кандидатите од ГДУ и Вмро Дпмне изнесоа ситни забелешки. Од ДИК се задоволни од досегашната политичка култура на противниците во изборниот процес и повикуваат да го задржат нивото на полтичка култура за да се изборат за легитимитет пред граѓаните за овие избори.


Окт 3, 2021

Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17 годишно момче од Мешеишта. 


Апр 9, 2019

Ефикасна општина по мерка на граѓаните е дел од  предизборната програма на кандидатот за Градоначалник од СДСМ,  Константин Георгиески. Географско Информативен Систем, апликација за електронско плаќање комуналии,  зголемување на капацитетот на месните и урбаните заедници,  посебни инфо пултови и приемни шалтери во општинската зграда се дел од мерките за достапна и транспарентна општина, кои ги презентираше Живка Ангелеска.


Апр 9, 2019

На Проектите од спортот и физичкото здравје кај младите, посветено е посебно внимание во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски,  кажа денеска на прес конференција Кирил Пецаков. Изградба на 30 рекреативни зони, односно тениски терени, мултифункционални и детски игралишта, најави Пецаков на денешната прес конференција.


Апр 9, 2019

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2019 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“).


Фев 8, 2016

Најголемиот светски независен трговец тврди дека следните десет години ќе има евтина нафта


Апр 9, 2019

Над стотина диви приклучоци во соседната општина се откриени само минатата година. Половина од нив се ставени во системот на градската мрежа. 


Дек 22, 2014

Од 1 април, идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за компаниите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење.